Шведскиот премиер, Улф Кристерсон, искажа подготвеност за коалицирање со десничарските популисти
- Доколку има мнозинство за коалиција од четири партии што ја сочинуваат неговата партија, Умерените, Христијанските демократи, Либералите и десничарските популисти, тој ќе формира влада со овие партии, изјави денеска Кристерсон.
Стокхолм, 1 април 2026 (МИА) - Шведскиот конзервативен премиер Улф Кристерсон посочи дека, доколку победи на претстојните општи избори закажани за септември, би можел да размисли за формирање коалиција со популистичките Шведски демократи.
Доколку има мнозинство за коалиција од четири партии што ја сочинуваат неговата партија, Умерените, Христијанските демократи, Либералите и десничарските популисти, тој ќе формира влада со овие партии, изјави денеска Кристерсон.
Тој го објави ова на заедничка прес-конференција со лидерот на Шведските демократи, Џими Акесон.
Тоа би била првата влада во Шведска што ќе вклучува популистичка партија.
Кристерсон им вети на Шведските демократи значително влијание и клучни министерски места во таква евентуална влада.
„Природно е дека ова ќе вклучува, меѓу другото, миграција и интеграција.“
На општите избори во 2022 година, Шведските демократи за прв пат станаа втора најсилна сила во шведскиот Парламент - пред партијата на Кристерсон.
Меѓутоа, конзервативците го дадоа шефот на владата со тоа што за првпат постигнаа договор со десничарските популисти, кои претходно беа маргинализирани во Шведска. Со нивна поддршка, Кристерсон оттогаш владее во својата малцинска коалиција од три партии.сд.ми/
Фото: ДПА