• сабота, 23 ноември 2024

Шведска покрена обвинение за откривање информации на руски дипломат

Шведска покрена обвинение за откривање информации на руски дипломат
Стокхолм, 22 февруари 2021(МИА) - Шведска покрена обвинение против 47-годишен маж осомничен за откривање информации на руски дипломат, соопшти денеска шведското Обвинителство. Обвинителот во изјавата рече дека тој работел како советник во неколку шведски компании, каде незаконски прибавувал и продавал информации, ставајќи ја во опасност безбедноста на земјата. Јавниот сервис СВТ објави дека човекот е Швеѓанец. - Додека беше консултант на своите поранешни работни места, тој собирал материјал со цел да обезбеди информации за странска сила, во овој случај на Русија. Мажот беше уапсен за време на состанок со руски дипломат кога добил 27.800 шведски круни (3.360 американски долари) од дипломатот, рече обвинителот Мак Љунгквист. СВТ објави дека осомничениот дал информации за производителот на автомобили „Волво“ и за производителот на камиони „Сканија“. -Злосторството е сериозно и доколку биде осуден, осомничениот може да добие долга казна, рече Љунгквист. паг/

Остани поврзан