Шведската разузнавачка служба отвори истрага за „саботажа“ на Северен поток
- Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“.
Стокхолм, 28 септември 2022 (МИА) - Шведската разузнавачка служба (САПО) денеска соопшти дека води истрага за експлозиите и истекувањата на гасоводите „Северен поток“ во Балтичкото Море, нарекувајќи ги „саботажа“.
САПО ја презема истрагата од полицијата затоа што „тоа може да се однесува на сериозно кривично дело кое барем делумно може да биде насочено кон шведските интереси“, се вели во соопштението.
Во него се додава дека „не може да се исклучи дека странска сила е одговорна за тоа дело“. паг/