• петок, 08 ноември 2024

Швајцарците на референдум ќе се изјаснат дали треба да се купат нови воени авиони

Швајцарците на референдум ќе се изјаснат дали треба да се купат нови воени авиони
Берн, 22 септември 2020 (МИА) - Граѓаните на Швајцарија на 27 септември на референдум ќе се изјаснат дали се за купување на воени авиони. Голем број од граѓаните истакнуваат дека државата не може да си дозволи таков трошок ниту треба најмодерни авиони за заштита на својата територија, што може да се прелета само за 10 минути. Тие исто така наведуваат дека ниту Ирска, Малта и Лукесмбург немаат млазни авиони и оти планираните шест милијарди швајцарки франци за авиони се фрлање пари. Ако граѓаните се изјаснат за купување на воени авиони на обврзувачкиот референдум, тогаш Владата идната година ќе избира помеѓу авионите на Ербас - Еурофајтер, Рафал на француската компанија Дашаулт, авионите на Боинг Ф/А Супер хорнет или авионот на Лок Мартин  Ф35-1 Лајтинг два. Дел од експертите наведуваа дека на Швајцарија не и се потребни толку сакпи авиони и оти доволна би била воената верзија на Леонардовите авиони М346. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан