• сабота, 27 јули 2024

Швајцарски средновековен замок на продажба

Швајцарски средновековен замок на продажба
Женева, 16 септември 2021 (МИА) - Швајцарски замок ќе биде понуден на наддавање. Се работи за градбата „Шато ле роз“ - стара 800 години. Замокот нуди поглед на селото Бурсин, сместено меѓу Женева и Лозана, но и кон алпскиот врв Мон Блан и езерото Леман. Во замокот има 10 спални соби и осум бањи, а неговата површина е 2.656 квадратни метри. Трпезаријата може да прими до 60 гости. Има готски камин, под од теракота и други мотиви и украси. За љубителите на вино, имотот има и 4,5 хектари лозови насади, како и винарска визба. Има и многу простор за одмор и релаксација, како што се приватна „турска бања“, базен, маси за масажа и лежалки за сончање. Замокот ќе биде понуден на аукција на 7 октомври. Наддавањето и понудите ќе се примаат од цел свет.  си/сд/

Остани поврзан