• среда, 27 ноември 2024

Швајцарската влада замрзнала руски активи во вредност од 8,8 милијарди долари

Швајцарската влада замрзнала руски активи во вредност од 8,8 милијарди долари

Берн, 1 декември 2023 (МИА) - Швајцарија замрзна околу 7,7 милијарди швајцарски франци (8,81 милијарди долари) финансиски средства што им припаѓаат на Русите под санкции, кои имаат за цел да ја казнат Москва за нејзината инвазија врз Украина, соопшти денеска швајцарската Влада, цитирана од британските медиуми.

Сумата претставува прелиминарна проценка и е малку повисока од минатата година, кога швајцарската Влада соопшти дека блокирала 7,5 милијарди франци откако оваа неутрална земја ги прифати санкциите од ЕУ.

Државниот секретаријат за економски прашања - агенцијата што ги надгледува санкциите - соопшти дека денешната прелиминарна проценка на вредноста на имотот не е конечна и може да се промени. Агенцијата соопшти дека е тешко да се даде попрецизна проценка бидејќи постојано се додаваат или отстрануваат нови луѓе од санкционираната листа и тужбите ги замрзнуваат или одмрзнуваат имотите.

Попрецизна проценка се очекува кон крајот на вториот квартал на 2024 година, кога швајцарските банки ќе и пријават на владата, забележуваат британските медиуми. сд/

Остани поврзан