Шаќири се врати во Базел по 12 години
- Базел го објави трансферот на офанзивниот играч за врска Џердан Шаќири.

Базел, 16 август 2024 (МИА) - Базел го објави трансферот на офанзивниот играч за врска Џердан Шаќири.
Триесет и две годишниот Швајцарец потпиша договор до летото 2027 година. Тој се приклучи на својот нов клуб како слободен агент.
Шаќири ги играше последните две години за Чикаго фајр и запиша 75 натпревари за клубот од МЛС лигата, постигнувајќи 16 голови и 13 асистенции.
Тој е поранешен фудбалер на Базел, за чиј прв тим одигра 130 натпревари со 23 гола и 27 асистенции во периодот од 2009 до 2012 година. дс
Фото: ФК Базел