• понеделник, 16 декември 2024

Шахпаска: Избори ќе има на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ на секој начин го блокира Законот на ЈО и бега избори

Шахпаска: Избори ќе има на 12 април, ВМРО-ДПМНЕ на секој начин го блокира Законот на ЈО и бега избори
Скопје, 6 февруари 2020  СДСМ не бега од избори, напротив нашиот претседател Зоран Заев понуди брзи предвремени парламентарни избори кои би се одржале дури во декември, истакна пратеничката на СДСМ Јагода Шахпаска во гостувањето на Телевизија 24. „Евентуално пролонгирање на распуштањето на Собранието не значи и пролонгирање на изборите. Ние не бегаме од избори, избори ќе се одржат согласно договоренот на 12-ти април, само проблемот е што ВМРО – ДПМНЕ бега од избори и на секој можен начин преку блокирање на носењето на Законот за Јавно обвинителство го одлага процесот на одење на избори“, истакна Шахпаска, додавајќи дека во последните 4 циклуси на предвремени парламентарни избори се одржале на помалку од 60 дена од денот на распуштање на Собранието. Во однос на Законот за Јавно обвинителство, Шахпаска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ по никоја цена не е подготвена да се донесе ново законско решение. „Ова е закон на којшто цела година се работи, цело време работните групи преговараат, не постои подготвеност на ВМРО-ДПМНЕ овој Закон да се донесе, нас ни е многу јасно и на јавната расправа и во целокупната дебата, и во општествената дебата, проблемот за ВМРО-ДПМНЕ е тој фамозен Член 108 од новиот предлог – закон. Тоа е тоа е Закон за кој ВМРО-ДПМНЕ не подготвен да го донесе по никоја цена, заклучи Шахпаска. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан