• вторник, 24 декември 2024

Шахпаска: Продолжува борбата за унапредување на детските права

Шахпаска: Продолжува борбата за унапредување на детските права
Скопје, 20 ноември 2020 (МИА) - Светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот. Ова го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во своето обраќање по повод Светскиот ден на детето - 20 Ноември. - Денес е Светскиот ден на детето! Одбележуваме точно 31 година од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето од Обединетите Нации. Точно 31 година трае борбата за заштита и унапредување на детските права. Но и денес светот се соочува со истите предизвици, како и на почетокот. За жал се уште има деца кои живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна, без пристап до чиста вода за пиење, без можност за образование, здравствена заштита. Има деца кои се жртви на насилство и злоупотреба. Токму затоа, не само 20 ноември, туку секој ден треба и мора да биде ден на детето, нагласи министерката Шахпаска. Според министерката за труд и социјална политика, светот мора да биде обединет во подигнувањето на свеста  за детските права. Само преку заедничка и координирана акција, како што рече, ќе создадеме услови за безгрижно детство, за развој и квалитетно образование, со еден збор услови за воспитување на идните градители на светот. - Министерството за труд и социјалана политика,  посветено работи на својата мисија за намалување и елиминација на детската сиромаштија, создава услови за квалитетен ран детски развој и предучилишно образование. Градиме нови градинки за зголемен опфат на деца од предучилишна возраст. Со деинституционализацијата децата ги сместивме во мали групни домови и згрижувачки семејства. Го олеснивме пристапот до гарантирана минимална помош на најсиромашните семејства, обезбедивме правичен и солидарен модел за пристап до детски и образовен додаток, истакна Шахпаска. Министерката Шахпаска најави дека борбата за унапредување на детските права продолжува и додаде оти секое дете е важно. мд/сп/

Остани поврзан