Шахбаз Шариф: Постигната е согласност за текстот за мировен договор меѓу САД и Иран
- „Мирот никогаш не бил толку блиску како што е денеска“, истакна пакистанскиот премиер во својата објава.
Исламабад, 12 јуни 2026 (МИА) - Премиерот на Пакистан, Шахбаз Шариф, објави денеска на социјалната мрежа „Икс“ дека е постигната согласност за текстот на мировниот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.
„Мирот никогаш не бил толку блиску како што е денеска“, истакна пакистанскиот премиер во својата објава.
Шариф додаде дека Исламабад продолжува активно да работи со двете преговарачки страни со цел успешно финализирање на следните конкретни чекори од процесот. ссм/
фото: архива