Шампионскиот трофеј од НБА пристигна во Акропол
- Грчкиот кошаркар и член на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, го однесе трофејот од НБА лигата на атинскиот Акропол.

Атина, 5 август 2021 (МИА) – Грчкиот кошаркар и член на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, го однесе трофејот од НБА лигата на атинскиот Акропол.
Јанис позираше на познатата тврдина со купот Лари О'Брајан и трофејот Бил Расел којшто му беше доделен за МВП во НБА финалето.
Заедно со Јанис, на Акропол беа и неговите браќа Танасис и Костас (шампион Лејкерс 2020 година), како и мајката на кошаркарите. зс/
