Шампионката од Вимблдон, Рибакина против Сињкова во финалето на турнирот во Порторож
- Елена Рибакина од Казахстан ја победи Романката Ана Богдан во полуфиналето на турнирот во Порторож со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 1 час 25 минути.
Порторож, 18 септември 2022 (МИА) - Елена Рибакина од Казахстан ја победи Романката Ана Богдан во полуфиналето на турнирот во Порторож со 6:1 и 6:1 во меч што траеше 1 час 25 минути.
Рибакина која е актуелна шампионка на Вимблдон, за трофејот во Порторож ќе игра против чешката тенисерка Катерина Сињакова.
Чехинката синоќа беше подобра од Германката Ана-Лена Фриџам со 6:1 и 7:5.
Финалето е закажано за денес во 18 часот.
ВТА турнирот „Заваровалница Сава Порторож“ се игра за награден фонд од 251.750 долари. зс/