• четврток, 26 декември 2024

Шампионката на УС Опен го пропушта Австралија опен

Шампионката на УС Опен го пропушта Австралија опен
Мелбурн, 11 јануари 2020 (МИА) - Шампионката на УС Опен, Бјанка Андреску, ќе го пропушти првиот Гренд-слем турнир во годината. 19-годишната Канаѓанка објави дека нема да се врати за стартот на Австралија опен. Четвртата во светот претрпе повреда на коленото за време на финалето на ВТА турнирот во октомври. Минатиот септември, таа ја победи Серена Вилијамс на финалето во Њујорк и ја освои својата прва Гренд-слем титула. - Се чувствувам подобро секој ден, но за жал, Австралија опен е премногу рано во однос на моето закрепнување, рече Андрешеску. Ричард Гаске, исто така, нема да учествува на Австралија опен. 33-годишниот Французин, кој е на 60-тото место на светската ранг листа, нема да игра поради повреда на коленото. Гаске, кој е полуфиналист на три Гренд слем турнири, се повреди во октомври минатата година за време на „Мастерс“ турнирот во Париз и сè уште не е опоравен.

Остани поврзан