• недела, 28 јули 2024

Шалке се интересира за Тодибо од Барселона

Шалке се интересира за Тодибо од Барселона
Гелзенкирхен, 26 март 2020 (МИА) – Бундеслигашот Шалке размислува да го купи дефанзивецот на Барселона, Жан-Клер Тодибо. Според „Билд“, германскиот клуб сака да ги откупи правата на 20-годишниот Французин, кого го изнајми во јануари. Договорот на Тодибо со Каталонците предвидува обесштетување од 25 милиони евра, сума која Шалке ќе ја плати за да ја има сопственоста над играчот. Оваа сезона, францускиот дефанзивец учествуваше на пет натпревари од германскиот шампионат. зс/

Остани поврзан