• сабота, 16 ноември 2024

Чупи и Петрушевска разговарале за продлабочување на соработката

Чупи и Петрушевска разговарале за продлабочување на соработката
Скопје,  24 ноември 2022 (МИА) -  Во рамки на соработката со меѓународните организации кои работат во нашата земја, денеска министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи оствари средба со претставници на Канцеларијата на Меѓународната организација за миграција – ИОМ во Скопје.
- Шефот на канцеларијата на ИОМ,  Соња Божиновска-Петрушевска изрази подготвеност за продлабочување на нашата заедничка соработка на полето на дијаспората за директна поддршка во текот на процесот за целосно пристапување на РСМ во Европската унија во смисла на вклучување и ангажман на различни експерти кои би помогнале во овој важен процес за нас и во насока на градење на капацитети во областа на миграцијата и развојот, со фокус во полето на дијаспората, објави Чупи.
Додава дека на соговорниците  им предложил неколку точки каде што ни е потребна нивна поддршка во реализација на активностите кои произлегуваат од Националната стратегија за соработка со дијаспората.
- Поддршка за целосна функционализација на проектот „Центар за дијаспора“, ангажман на меѓународни предавачи со нивни предавања, организирање на работилници за вработените во општинските канцеларии, како и нивно опремување со технички средства, наведува Чупи.
Исто така, посочува тој, оваа поддршка може да се прошири и со организирање на „Денот на дијаспората“ во општините на РСМ, ангажман на меѓународни експерти во делот на мапирање на дијаспората, ангажман на визитинг професори од дијаспората на универзитетите во нашата земја. вт/см/

Остани поврзан