• понеделник, 16 декември 2024

Чолаку: Поништувањето на изборите во Романија е единствената правилна одлука

Чолаку: Поништувањето на изборите во Романија е единствената правилна одлука

Букурешт, 6 декември 2024 (МИА) - Романскиот премиер Марчел Чолаку го поддржа поништувањето на претседателските избори од страна на Уставниот суд.

„Оваа одлука е единствената правилна по откривањето на документи кои покажуваат вмешаност на Русија во изборниот процес“, напиша Чолаку на Фејсбук.

Тој повика на истрага за утврдување на одговорните, нагласувајќи дека довербата на јавноста во институциите зависи од транспарентноста на овој процес. ссм/

фото: архива

Остани поврзан