• сабота, 23 ноември 2024

Човекот одговорен за смртта на Мек Милер, осуден на 11 години затвор

Човекот одговорен за смртта на Мек Милер, осуден на 11 години затвор
Лос Анџелес, 19 април 2022 (МИА) - Жител на Аризона (САД), вклучен во снабдувањето апчиња препишани со фалсификуван рецепт што доведе до смртта на раперот Мек Милер од предозирање во септември 2018 година, е прогласен за виновен од Федералниот суд вчера, јави ДПА. Според обвинителството во Лос Анџелес, Мек Милер мислел дека купува лек против болки – „оксикодон“, но подоцна се открило дека лекот бил измешан со фентанил, супстанција која има 50 пати посилно дејство од хероинот.

Рајан Мајкл Ривис (39) е осуден на 10 години и 11 месеци откако се изјасни за виновен. Тој е еден од тројцата обвинети за набавката на лековите што ја предизвикаа смртта на 26-годишниот рапер. Извештаите покажаа дека тој починал по случајно предозирање со мешавина од фентанил, кокаин и алкохол.

Проблемите на Мек Милер со однесувањето и со употреба на недозволени супстанции, почнаа по разделбата со неговата поранешна девојка, поп-ѕвездата Аријана Гранде во мај 2018 година.  си/ссм/

Остани поврзан