• среда, 25 декември 2024

Да се почитува веќе донесениот Закон за облигациони односи, бараат „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР

Да се почитува веќе донесениот Закон за облигациони односи, бараат „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Адвокатската комора за веќе донесениот Закон за облигациони односи, со цел негово почитување, е барањето на здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР кое поткрепено со аргументи денеска ги доставија до Уставниот суд.

Како што известија, согласно Законот за изменување и дополнување на ЗОО (Сл.Весник на РСМ бр.154 од 20.07.2023 година ) во Член 2 се предвидени измени на одредбата од Член 368 од ЗОО, во која е определено дека  извршната постапка може да се реализира во рок од 10 години од денот на поднесување на Барањето за извршување, после кој рок настапува апсолутна застареност, со ретроактивно дејство.

Ана Глигорова од здружението „Човекот над профитот“, на денешната прес-конференција истакна дека аргументите, кои ги доставија денеска до Уставен суд, се однесуваат на промените и дополнувањата во Законот за облигациони односи во контекст на застарување на побарувања, кој помина на Службен весник на 20 јули годинава.

 - Во предвид земаме член од законот кој е донесен во Законот за извршување во 2018 година во Службен весник 233, а кој се однесува на доверителите и нивните права. Во тој  до 2018 година се барало комплетен оригинал од извршна исправа, но, со промената во 2018 година повеќе оригиналот на извршната исправа не е неопходен, туку може и фотокопија, истакна Глигорова и додаде дека тој закон е ретроактивен и дека е во сила. 

Таа истакна дека и новиот законот исто така има ретроактивно дејство и во полза на должниците.

 - Ако можело застарувањето да важи за доверителите, истото тоа застарување и право на ретроактивност да важи и за должниците. Новиот закон е дециден, со Член 368 во Законот за облигациони односи кој го потпиша претседателот Стево Пендаровски и го изгласа Собранието после долга расправа и време, нагласи Глигорова.

Самка Ибраимоски од ПЦЕР го искажа ставот дека законот не само што не е противуставен, туку носењето на истиот го спречува самоволието на извршителите што го прават денеска со граѓаните.

Тој нагласи дека законот ќе има санкции и дека спремни се да им дадат кривични пријави на сите извршители кои го оспоруваат и не го почитуваат.

Марјан Ненов од „Но Пасаран“ потсети дека според Член 51 од Уставот, законите мора да се почитуваат. сан/аа/

 

Фото: МИА

Остани поврзан