• четврток, 13 февруари 2025

Членови на анархистичката група „Рувиконас“ фрлија летоци пред резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина

Членови на анархистичката група „Рувиконас“ фрлија летоци пред резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина
Атина, 18 јануари 2020 (МИА) - Кусо по полноќ, членови на грчката анархистичка група „Рувиконас“ фрлија летоци пред резиденцијата на амбасадорот на Германија во Атина, поради, како што самите соопштија, германскиот став во бегалското/ мигрантското прашање, јави дописничката на МИА од Атина. Од „Рувиконас“ на нивниот сајт ги објаснија причините, за како што велат, „интервенцијата во резиденцијата на германскиот амбасадор“, коментираат дека „Германија ги третира бегалците како мобилен проблем, а земјите од ЕУ, меѓусебно си ја префрлаат топка на одговорност “. -Вечерва спијте мирно европски домаќини. Чамецот потона, прифатниот центар изгоре, камионот го згмечи детенцето, а другите починаа од студот, коментираат од „Рувиконас“ во соопштението и бараат „отворени граници за бегалците и мигрантите“. ср/

Остани поврзан