• петок, 26 јули 2024

Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала

Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала
Чилиќ: Тенисот е еден од последните спортови што ќе се врати во нормала Загреб, 18 април 2020 (МИА) - Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ смета дека неговиот спорт ќе биде еден од последните што ќе се опорави од пандемијата на коронавирус. Во интервју за американската телевизиска компанија Си-Ен-Ен, тој истакна дека нормализирање на состојбата во тенисот не треба да се очекува до крајот на годината. -Се сомневам дека големите турнири во САД може да се организираат оваа година“, рече Чилиќ. - Тенисот е еден од најпопуларните спортови во светот. Поврзано е со чести патувања низ целиот свет, со голем број контакти, со масовна гужва на обожаватели. Затоа, тенисот е еден од последните спортови што се врати во нормала, потенцира Чилиќ. зс/

Остани поврзан