• понеделник, 29 јули 2024

Чилиќ пред мечот со Федерер: Кога ќе го видите Роџер на теренот, нема да му дадете 40

Чилиќ пред мечот со Федерер: Кога ќе го видите Роџер на теренот, нема да му дадете 40
Париз, 3 јуни 2021 (МИА) – Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ искажа пофални зборови за неговиот денешен ривал на Ролан Гарос, Роџер Федерер. - Средбата во второто коло ќе биде различна од четвртфиналето или полуфиналето на Грен слемот. Очекував да играм во првото или второто коло против носителот. Ќе биде предизвик за мене, и секако за Роџер, нема да биде лесно. Моите комплименти до Роџер за неговата мотивација и вештина во изминатите неколку години. Кога ќе го видите на теренот, како се движи, како ја удира топката, не би му дале 40 години. Без оглед на возраста, Роџер знае што да прави, изјави Чилиќ. Федерер е осми носител на Грен слемот во Париз, додека Чилиќ е рангиран на 47. место. зс/

Остани поврзан