• вторник, 24 декември 2024

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците

Чешките приоритети со претседавањето со ЕУ пред пратениците
Скопје, 4 септември 2022 (МИА) - Амбасадорот на Чешката република во Северна Македонија Јарослав Лудва утре во Собранието, пред членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги претстави приоритетите на неговата земја со ЕУ. Лудва, како што е наведено на собраниската веб-страна, ќе ги презентира Програмата и Приоритетите за работата на чешкото претседателство со Советот на Европската унија за периодот јули - декември 2022 година. Мотото на чешкото претседавање е „Европа како задача: преиспитај, обнови, зајакни“, а нејзините приоритети се управувањето со размената на бегалци и повоената реконструкција на Украина, енергетската безбедност, зајакнувањето на европските одбранбени капацитети, отпорноста на европската економија и демократската институции. За 18 години, колку што е членка на ЕУ, Чешка по вторпат претседава со Унијата. ев/аа/

Остани поврзан