• сабота, 06 декември 2025

Чешкиот министер за надворешни работи пристигна во Украина

Чешкиот министер за надворешни работи пристигна во Украина

Киев, 11 август 2025 (МИА) - Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски пристигна во посета на Украина, напиша тој на „Х“.

-Пристигнав на моето шесто патување во Украина со јасна порака: Чешката Република нема да се откаже од својата поддршка за Украинците во нивната борба против рускиот агресор, напиша Липавски.

Претходно, во статија за „Европејска правда“, тој истакна дека „следните недели ќе бидат исклучителни за чешко-украинските односи“, нагласувајќи ја својата намера да ја зајакне поддршката за чешките економски интереси во Украина, имено во индустрискиот центар на градот Днепар.

Претходно, министрите за надворешни работи на Украина и Чешка, Андриј Сибиха и Јан Липавски, разговараа на „Х“ за потребата од зајакнување на воздушната одбрана за заштита на украинските градови и продолжување на реформите на патот кон членство во ЕУ. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан