• понеделник, 23 декември 2024

Чеферин нема да се кандидира за нов мандат

Чеферин нема да се кандидира за нов мандат

 

Париз, 8 февруари 2024 (МИА) – Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, објави денеска дека нема да се кандидира за нов мандат на чело на раководството тело на европскиот фудбал.

На 48. редовен Конгрес кој денеска се одржа во Париз дојде до промена на Статутот што ќе му овозможеше нов мандат до 2027 година, но се случи пресврт и Чеферин најави дека ќе ја напушти УЕФА по истекување на актуелниот мандат.

„Пред околу шест месеци одлучив дека нема пак да се кандидирам. Причината за тоа е што на секоја организација ѝ е потребна свежа крв, но главната причина е што бев далеку од семејството изминатите седум години, а ќе бидат и во следните три години“, рече Словенецот Чеферин на конференција за новинари по завршувањето на Конгресот во Париз.

Чеферин е на чело на УЕФА од 2016 година кога дојде на местото на Французинот Мишел Платини. За првиот полн мандат беше избран во 2019, а за вториот во 2023 година. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан