„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен
- Полскиот репрезентативец во скијачки скокови Давид Кубацки триумфираше попладнево на втората етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“, поставувајќи нов рекорд на скокалницата во Гар

Гармишпартенкирхен, 1 јануари 2021 (МИА) – Полскиот репрезентативец во скијачки скокови Давид Кубацки триумфираше попладнево на втората етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“, поставувајќи нов рекорд на скокалницата во Гармишпартенкирхен .
Кубацки до својата петта победа во кариерата стигна со скокови од 139 метри во првата, и рекордни 144 метри во втората серија.
Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, со скокови од 137 и 136 метри, додека место на подиумот имаше и за сонародникот на Кубацки, Пјотр Жила (129.5 и 137 метри)
Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ се сели в недела во Инсбрук. ег/