• сабота, 31 август 2024

Четири пожари на отворено до 14 часот, два сѐ уште активни

Четири пожари на отворено до 14 часот, два сѐ уште активни

Скопје, 30 август 2024 (МИА) - Во текот на денешниот ден, до 14 часот, имало вкупно четири пожари на отворен простор. Од нив, два се сѐ уште активни, а другите два се под контрола, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Едниот активен пожар е во подрачјето на селото Смиљковци, Општина Гази Баба. Другиот е во Општина Чучер Сандево. На двете места гори сува трева.

Од пожарите под контрола, првиот е на територија на Општина Штип, меѓу селата Едеклерци и Хаџи-Хамзали, префрлен на армискиот полигон „Криволак“. Опожарени се нискостеблеста шума и сува трева. Вториот е на граница меѓу општините Долнени и Чашка, каде е опожарена мешана шума. бд/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан