• среда, 27 ноември 2024

Четири лица починаа од Западнонилска треска во Израел, заразени 48 луѓе

Четири лица починаа од Западнонилска треска во Израел, заразени 48 луѓе

Тел Авив, 27 јуни 2024 (МИА) - Израелското Министерство за здравство соопшти дека четири лица починале од последици на Западнонилска треска, а се сомнева дека таа е причина и за уште еден смртен случај.

Според Тајмс оф Израел, 48 лица се заразени со Западнонилска треска, од кои 36 се хоспитализирани, а пет се на респиратори. Околу 80 проценти од заразените немаат симптоми, додека околу 20 проценти ќе покажат различни симптоми, вклучувајќи треска, замор, главоболка или болки во телото.

Помалку од еден процент од заразените имаат невролошки компликации. „Вирусот не се пренесува од човек на човек“, нагласува Министерството за здравство на Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан