• понеделник, 23 декември 2024

Четиринаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград со блокада на мостот Газела

Четиринаесетти протест „Србија против насилството“ во Белград со блокада на мостот Газела

Белград, 5 август 2023 (МИА) – Во Белград се одржа четиринаесеттиот протест „Србија против насилството“, со блокада на центарот на Белград и на автопатот на мостот Газела, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, од каде граѓаните со блокада на сообраќајот по централните белградски улици и покрај силниот дожд се шетаа до автопатот на мостот Газела, кој претходно беше блокиран од еколошките активисти.

Протести се одржаа и во Краљево и во Бачка Паланка. Овонеделниот протест против насилството е посветен на новиот Закон за планирање и градење.

Барањата на протестите Србија против насилството се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги заблудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, како што се Пинк и ТВ Хепи, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедносната агенција БИА Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.

Проевропската опозиција технички ги организира овие граѓански протести кои започнаа по масовните убиства во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и селата Дубона и Мало Орашје во општините Младеновац и Смедерево.

Од недела во недела демонстрантите бараат одговорност од властите за долгорочното создавање амбиент што доведе до зголемување на насилството во државата.

Но, и по упорното повторуваните барањата, власта не се согласува тоа, што го покажа гласањето во српското Собрание, каде беше изгласана доверба на министерот за полиција Братислав Гашиќ.

Проевропската опозицијата која во Собранието ги застапува барањата од протестите, во повеќе наврати постави и политички барања, како што се одржување на избори за градот Белград, додека десничарската опозиција која исто ги поддржува протестите бара одржување на вонредни парламентарни избори. об/ми/

Остани поврзан