• вторник, 24 декември 2024

Четириесет и трета сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Четириесет и трета сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Преку видеоконференциска врска денеска ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. На сесијата, како што соопштија од Народната банка, ќе биде презентиран трудот „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, кој е добитник на Годишната награда на Народната банка. По презентaцијата на трудот, предвидена e дискусија. - Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено од областа на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите што се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со стандардите и трендовите на современото истражување, односно емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд, кое е се уште во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, се наведува во соопштението. мс/ев/

Остани поврзан