• понеделник, 23 декември 2024

Четврто издание на учебникот „Меѓународно право за правата на човекот“ од Љубомир Фрчкоски

Четврто издание на учебникот „Меѓународно право за правата на човекот“ од Љубомир Фрчкоски
Скопје, 22 март 2021 (МИА) -  Во издание на Издавачкиот центар ТРИ, од печат излезе четвртото издание на учебникот „Меѓународно право за правата на човекот“ од Љубомир Данаилов Фрчкоски. Од Издавачкиот центар велат дека книгата ги надминува рамките на учебник за студентите и претставува важен извор за специјалистите во областа. -Оригинален, внимателно аргументиран и убаво напишан, овој текст се обидува да ја постави тезата, линијата помеѓу етиката и политиката на човековите права, правејќи „еленски скок“ над правото и позитивизацијата на човековите права што е денес доминантна во светот, додаваат од ТРИ. За Љубомир  Фрчкоски наведуваат дека е еден од најпроминентните македонски интелектуалци и научници исклучително влијателни со своите теоретски ставови и јавни настапи. Неговото потесно научно поле на интерес е меѓународното право за правата на човекот, преговарањето на идентитетските спорови, филозофијата на правото и политичката теорија за демократијата. ки/

Остани поврзан