• вторник, 24 декември 2024

Доделување грантови од РЦФ за стручно образование и обуки

Доделување грантови од РЦФ за стручно образование и обуки

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Во Стопанската комора ќе бидат официјално соопштени и доделени грантовите во Северна Македонија од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ), кои беа објавени неодамна, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот. 

-По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер-претпријатија во Северна Македонија во износ од 7,13 милиони евра. На третиот повик за предлог-проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Северна Македонија. Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекта од Северна Македонија со вкупен износ од 951.905 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување
на инфраструктурата на образовните установи и за обезбедување обука на учесниците во програмата за кооперативно образование. Настанот ќе претставува можност за претставување на најуспешните проекти и заедничко прославување на нивниот успех, соопшпти РЦФ. 

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите од земјите од Западен Балкан на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини.

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) е финансиска институција чија цел е зголемување на конкурентноста на претпријатијата во Западен Балкан преку финансирање инвестиции во опрема и инфраструктура за проекти за дуално и стручно образование изработени во партнерство на установи за
стручно образование и претпријатија. Грантовите се доделуваат по пат на конкурентен регионален предизвик. хс/са/ 

Фото:  Принтскрин / https://rcf-wb6.org/

Остани поврзан