Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата
- Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата ќе биде промоворан денеска во Скопје, во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во Скопје.

Скопје, 11 април 2024 (МИА) - Водич за улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата ќе биде промоворан денеска во Скопје, во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши во Скопје.
На прес-конференцијата што по тој повод ја најавува Меѓаши на темата „Поставување на заеднички принципи, вредности и заеднички пристап во развојот на превенцијата од појава на насилство во училиштата“ ќе говорат Драги Змијанац, претседател и основач на Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Моника Илиоска - Кантарџиоска, раководителка на програми во Коалиција за младински организации - СЕГА и Софија Георгиевска - авторка на Водичот. лв/са/
фото: МИА архива