• среда, 25 декември 2024

Четврти член на бразилската делегација во ОН позитивен на коронавирус

Четврти член на бразилската делегација во ОН позитивен на коронавирус
Барзилија, 27 септември (МИА) - Педро Гимареш, член на делегацијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро во Обединетите нации, е позитивен на коронавирусот, напиша извршниот директор на банката „Каиша економика федерал“ на социјалните мрежи. Гимареш, кој рече дека е комплетно вакциниран, е четвртиот член на делегацијата кој е позитивен на Ковид, а кој беше со Болсонаро во Њујорк на неговото обраќање во ОН. Тој рече дека бил асимптоматски, но бил во изолација од средата, кога се вратил во Бразил од Њујорк. Бразилскиот министер за здравство Марсело Квирога, синот на Болсонаро, Едуардо и еден дипломат, исто така, беа позитивни. Квирога, на кој коронавирусот му беше дијагностициран за време на посетата на Њујорк, се уште е во изолација во хотел во Њујорк. Болсорано во неделата рече дека има негативен резултат на тестот за Ковид-19. Откако пристигнаа во Бразил, сите членови на делегацијата на Болсонаро беа во изолација и направија тестови поради контакт со министерот за здравство. паг/      

Остани поврзан