• петок, 05 декември 2025

Четворица повредени при напад во финскиот град Тампере

Четворица повредени при напад во финскиот град Тампере

Тампере, 3 јули 2025 (МИА) – Четири лица се повредени при напад во близина на трговски центар во финскиот град Тампере, соопшти полицијата.

Областа беше блокирана, но по детална проверка и брзо апсење на осомничениот, полициската блокада беше укината.

Во моментов, полицијата не располага со информации за мотивите на напаѓачот.

Според финското издание „Илта Саномат“, осомничениот е маж на околу 20-годишна возраст.

Тампере е град со околу 260.000 жители, сместен на 180 километри северно од Хелсинки. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан