• сабота, 23 ноември 2024

Четворица новозаболени и еден починат од Ковид-19 во Струмица

Четворица новозаболени и еден починат од Ковид-19 во Струмица
Струмица, 18 јули 2020 година (МИА) - Пациентка на 61-годишна возраст, која се лекувала на клиниките во Скопје, е вториот регистриран смртен случај од овој регион, а има и четворица нови позитивни на Ковид-19, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов. -Новозаразените се на различна возраст. Двајца  се од две села од Струмичко, а имаме и две лица позитивни на 81-годишна возраст од Дом за стари лица во Радовиш, кои се по потекло од Струмица. Едниот е пренесен на клиниките во Скопје, а вториот е во болницата во Штип, рече директорот Витанов. На подрачјето, кое го покрива Центарот за јавно здравје досега се регистрирани 28 инфицирани од коронавирусот. Од нив двајца се починати, 12 се активни, а останатите се излекувани. Со денешните нови тројца, пак, бројот на инфицирани во Радовиш порасна на 13 активни пациенти.рт/скс/

Остани поврзан