Четворица загинати при судир на два авиона во Лас Вегас
- Четири лица загинаа откако два авиона денеска се судрија во близина на аеродромот „Норт Лас Вегас“

Вашингтон, 18 јули 2022 (МИА) - Четири лица загинаа откако два авиона денеска се судрија во близина на аеродромот „Норт Лас Вегас“.
Авионот од типот „Пајпер ПА-46′ се подготвувал за слетување кога се судрил со „Цесна 172“. Авионот „Пајпер“ паднал во поле источно од пистата, додека леталото „Цесна“ паднало во блиското езеро.
Се истражува причината за несреќата. ми/