• сабота, 05 октомври 2024

Четворица загинати во несреќа во полски рудник

Четворица загинати во несреќа во полски рудник

Варшава, 28 ноември 2023 (МИА) – Четири лица загинаа во рудникот Собиески во Јаворжно во јужна Полска, соопшти вечерва портпаролката на државната агенција за рударство (WUG).

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми.

Повредени се уште две лица.

Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон. јт/

Фото: Интернет

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан