• вторник, 17 декември 2024

Четворица Американци и тројца Руси обвинети за водење кампања на злонамерно влијание во САД

Четворица Американци и тројца Руси обвинети за водење кампања на злонамерно влијание во САД

Вашингтон, 18 април 2023 (МИА) - Министерството за правда на САД денеска соопшти дека подигнало пријави против четворица Американци во Флорида и тројца Руси по обвинение дека дејствувале во име на руската Влада и спроведувале „повеќегодишна кампања за злонамерно странско влијание во САД“. 

Обвинението, подигнато од федерален суд во Тампа, именува тројца Руси – жителот на Москва Александар Викторович Ионов, и вработени на Федералната служба за безбедност Алексеј Борисович Суходолов и Егор Сергеевич Попов. 

Покрај тоа, во Вашингтон, во рамките на посебен случај за кои не се објавуваат детали, обвинета е државјанката на Русија, Наталија Бурлинова, за „заговор со офицер на ФСБ со цел да дејствува како незаконски агент на Русија во САД“.  

-Странското разузнавање на Русија наводно ги користи правата од нашиот Прв амандман, права кои Русија им ги скратува на своите граѓани, за поделба на Американците и мешање во изборите во Соединетите Држави. Министерствто нема да се двоуми да ги изнесе на виделина и прогонува тие кои сеат раскол и ги корумпираат изборите на САД во служба на непријателски странски интереси, без оглед дали обвинетите се државјани на САД или се лица од странство, изјави заменик - генералниот обвинител Метју Олсен. кб/рп/

Остани поврзан