• четврток, 15 јануари 2026

Честитки за среќна 2026 година упатија друштвата и партијата на Македонците во Албанија, со порака за зачувување на македонскиот идентитет

Честитки за среќна 2026 година упатија друштвата и партијата на Македонците во Албанија, со порака за зачувување на македонскиот идентитет

Дебар, 1 јануари 2026 (МИА) – Македонските друштва, здруженија и партијата на Македонците во Албанија упатија честитки по повод Новата 2026 година со желби за здравје, среќа и зачувување на македонскиот идентитет.

-Нека Новата година донесе здравје, мир и благосостојба во секое семејство, надеж во секој дом и сила за зачувување на нашиот македонски идентитет, јазик и традиција. Како здружение, остануваме посветени на заедништвото, солидарноста и љубовта кон нашите корени, верувајќи дека заедно можеме да изградиме посветла и посигурна иднина за сите Македонци, посакуваат од Здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“.

Искрени честитки по повод Новата година упати Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), до „сите Македонци во Албанија, во Република Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани на Албанија“.

-Нека новата година донесе здравје, мир, лична и семејна среќа, успех и напредок. Со заеднички сили, единство и посветеност, да продолжиме да ги штитиме и унапредуваме правата, идентитетот, јазикот и културното наследство на Македонците во Албанија, како и европската перспектива на нашата заедница и држава. МАЕИ и понатаму ќе остане посветена на борбата за еднаквост, демократија и европски вредности, во интерес на сите граѓани, стои во честитката на МАЕИ.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја честита Нова година 2026, со желба за многу лични успеси и бериќетна година, упатувајќи благодарност до сите за досегашната соработка.

- Измина година исполнета со активности, конкретни дела и во соработка со „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, бевме насочени кон заштита на македонскиот идентитет, култура и јазик. Наш главен приоритет останува – афирмација, заштита и унапредување на правата и положбата на Македонците низ целата територија на Албанија. Со љубов кон Македонија и со обединет дух-продолжуваме напред. Нека живее Македонија – историја што живее, народ што не се предава, се наведува во честитката на друштвото „Преспа“. вт/дма/

Фото: Здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан