• среда, 25 декември 2024

Честитка од Џафери по повод еврејскиот празник Јом Купур

Честитка од Џафери по повод еврејскиот празник Јом Купур
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска упати честитка по повод големиот еврејски празник - Јом Кипур. Еврејската заедница, пишува Џафери во честитката, е ценет и почитуван дел на нашата повеќе етничка заедница која е сплет на култури, јазици, вери и посебности и тоа што сме свртени едни кон други во добро и во зло, е од непроценлива важност за подобро взаемно разбирање и почит. -Тоа е влог во развивањето на демократско општество со квалитетни взаемни односи во кои сите ќе се чувствуваат еднакво значајни и вредни за заедницата. Ви посакувам да продолжите со негувањето на вашата посебност која ги издржала тестот и предизвиците на новото време. Значењето на празникот Јом Кипур, или денот на покајанието е убав начин да се потсети секој за својата несовршена природа но и на човечноста која произлегува од признавањето на грешките, покајувањето и простувањето, се вели во честитката од Џафери по повод еврејскиот празник - Јом Кипур. сст/са/  

Остани поврзан