• сабота, 23 ноември 2024

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Честитка од претседателот на Собранието Џафери по повод еврејскиот празник Јом Кипур
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - По повод големиот еврејскиот празник - Јом Кипур, претседателот на Собранието Талат Џафери, упатува искрени честитики до припадниците на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, со срдечни желби за добро здравје, душевен мир и спокој, семејна среќа и благосостојба, дополнети со големи индивидуални и колективни успеси на личен и професионален план. - Нека празнувањето на овој голем ден за еврејската заедница биде преплавено со благородните пораки што ги носи во себе празникот, односно пораката на помирување, взаемно почитување и разбирање, пораката на толеранција кон различните и поддршка на немоќните. Пред сѐ и над сѐ, сите сме припадници на човечкиот род, со сите свои доблести и пороци а секој нов ден, секоја нова тешкотија само уште повеќе ни укажува на потребата од сплотување, потпирање едни на други и заедничко справување со предизвиците. Еврејската заедница е значаен дел од општествениот живот во Република Северна Македонија и затоа нека празников биде повод да ја искажам мојата почит за придонесот во градењето на стабилна, напредна држава во која добриот и квалитетен живот е должност на сите, се вели во честитката од Џафери. Драги сограѓани, стои во честитката од Џафери до припадниците на Еврејската заедница, Ви посакувам убав празничен ден во кругот на Вашите драги и блиски луѓе, во добро здравје, мир и благосостојба. аа/дма/

Остани поврзан