• среда, 25 декември 2024

Честитка од претседателката Сиљановска - Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателката Сиљановска - Давкова до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Скопје, 24 декември 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска - Давкова по повод големиот христијански празник Христовото раѓање – Божиќ, упати честитка до Киро Стојанов, Скопски бискуп и Епарх Струмичко-скопски и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.

-Ми претставува особено задоволство на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, да ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божиќ. Искрено посакувам најсветлиот ден да внесе мир, љубов и радост во вашите срца и да вроди верба и надеж за похумана иднина. Божиќ е симбол на ново раѓање, нов и поубав живот. Тој нè потсетува на безусловната љубов, дарувањето и заедништвото и ни дава духовна сила и спокој, пишува претседателката во честитката. 

Радувајќи им се на празничните денови во топлината на нашите домови и во кругот на најблиските, порачува таа, да не заборавиме на нашиот заеднички дом - татковината и да го чуваме и почитуваме нејзиното достоинство за да бидеме и самите достоинствени и почитувани. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан