• четврток, 19 декември 2024

Честитка од Груби по повод Националниот ден на Власите

Честитка од Груби по повод Националниот ден на Власите
Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби упати честитка до припадниците на влашката заедница во државава по повод 23 мај, Национален ден на Власите. -Власите се составен дел од мултиетничкото општество во Република Северна Македонија. Одбележувањето на 23 мај, Националниот ден на Власите е една добра можност да покажеме почит кон оваа заедница и за нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на својот сопствен јазик, култура и традиција. Само преку почит меѓу нас, ќе можеме да се издигнеме над нас и да продолжиме да се движиме побрзо кон остварување на нашите стратешки цели како Република Северна Македонија, се посочува во честитката од Груби. рп/ац/

Остани поврзан