• четврток, 29 август 2024

Честитка од Гаши по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Честитка од Гаши по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Скопје, 28 август 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август - Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава.

- Дозволете ми да ви го честитам големиот православен христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многи радости во вашите семејства. Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани. Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други, се вели во честитката.

Живееме во времиња во кои, како што наведува, мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители.

-Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Тоа сите треба да се трудиме да биде составен дел и од нашата иднина. Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица, вели во честитката претседателот на Собранието Гаши. мд/цр

Фото: МИА архива 

 

 

 

 

Остани поврзан