• среда, 25 декември 2024

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод еврејскиот празник Јом Кипур
Скопје, 5 октомври 2022 Во име на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на партијата на сите граѓани припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честитам најсветиот еврејски празник Јом Кипур. Нека празничните мигови ви поминат во мир и спокој во овие тешки времиња на предизвици и тешкотии. Токму хуманоста и сплотеноста нека бидат нашата духовна ѕвезда водилка која ќе ни помогне на сите нас да ги пребродиме кризите и да си бидеме потпора еден на друг во справувањето со сите пречки во животот. Македонија била и ќе биде секогаш добар пример на толеранција и меѓусебно разбирање, пример за мултиконфесионално општество во кое почитта кон сите била врската која не одржувала низ вековите. Нека се од Бога благословени ваквите празници кои не потсетуваат на традицијата на помирувањето и милосрдието. Само со подадена рака еден кон друг ќе ја градиме Македонија и подобрата иднина на нашите деца. Нека е честит Јом Кипур. Нека е вековит празникот. Нека е вековита Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан