• вторник, 24 декември 2024

Честитка за Денот на независноста од свештената Бигорска обител и градоначалникот Медат Куртовски

Честитка за Денот на независноста од свештената Бигорска обител и градоначалникот Медат Куртовски
Дебар, 8 септември 2022 (МИА) - Честитка по повод Осми септември Денот на независноста упати свештената Бигорска обител и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, каде територијално припаѓа ова познато древно светилиште. - Братството на свештената Бигорска обител на сите граѓани на радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, посакува Свештената Бигорска Обител. Се наведува дека „8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот“. - Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата, стои во честитката од авештената Бигорска обител на „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир. Градоначалникот Куртовски во честитката наведува дека „во нашата заедничка борба за подобро утре, продолжуваме напред, заедно“. - Честит 8 Септември, Денот на независнота. Република Северна Македонија денеска ја гледаме меѓународно призната, економски напредна, слободна и демократска држава со своја лична карта во Обединетите Нации. Полноправна членка на НАТО, пријател на демократскиот свет. После 17 години во чекалната, успеавме и го направивме клучниот чекор од нашата последна етапа во евро-интеграциите, започнавме преговори со ЕУ за полноправно членство, со чист македонски јазик, со сочуван македонски идентитет и посебност. Тоа е заеднички успех на сите наши граѓани, стои во честитката упатена од негово име, Советот и општинската администрација. вт/мс/

Остани поврзан