• недела, 01 февруари 2026

Честитка на Гаши до српската заедница по повод Денот на Свети Сава

Честитка на Гаши до српската заедница по повод Денот на Свети Сава

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Африм Гаши упати честитка до српската заедница во земјава по повод Денот на Свети Сава.

Во честитката стои дека во името на законодавниот дом и во духот на почитувањето, тој упатува честитка до спрската заедница нагласувајќи дека овој ден треба да биде потсетник за меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. 

– Во име на Собранието на Република Северна Македонија, во духот на почитувањето на правата и различностите, упатувам честитки до српската заедница во РСМ по повод Денот на Свети Сава. Нека овој ден биде потсетник за важноста на меѓусебното почитување, дијалогот и соживотот во нашето мултиетничко општество. Само врз основа на овие вредности може да се обезбеди демократското функционирање на државата и соживотот на граѓаните, стои во честитката. ра/ац/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан