• вторник, 24 декември 2024

Чествување на Св. Трифун во Дебар Маало

Чествување на Св. Трифун во Дебар Маало
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) – Во Дебар Малоо денеска се одржа манифестација во знак на светците Св. Трифун - Денот на виното и расположението и Св. Валентин. Идејата да се спојат и празнуваат двата христијански празници - православниот Свети Трифун, и католичкиот Свети Валентин, и годинава беше преточена во весела манифестација, која ја иницираше и успешно ја спроведе славниот македонски хуманист и уметник Живко Поповски - Цветин, традиција која продолжува низ годиниве. Како што информирраат организаторите манифестацијата започнала со садење на нови лозници и закројување на насадена лозница до ресторанот "Кај Жабарот" каде секоја година се одржува ова славје, а потоа продолжиа со поздравен говор, молитва за среќа на сите, сечење на погача од "Силбо", сладење со боза и торта од "Апче", беседа, културно уметничка програма која одекнуваше низ Дебар маало, преку поезија и серенади со гитара, свечен чин на пуштање на балони и порака за мир,  на крај сето тоа заокружено со завршна дружба во ресторан "Шпајз". Писателот Мендо Димовски, кому му припадна и улогата на здравичар прочита беседа за Цветин, песна посветена за уметникот прочита и претседателката на Здружението на просветни работници на Град Скопје - Катерина Митковска, а настанот го збогати и брачната двојка Ѓорги и Ружа Башески кои зборуваа за својата љубов и среќен брак, со стаж долг 62 години. Пораката за мир се состоела од пет балони и цветна лента од уметникот Цветин на која беа и потписите од присутните. На мостот на реката Вардар беше истакната и четириметарската лента со 150 рози, во чест на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.свс/цр

Остани поврзан