• понеделник, 23 декември 2024

Челси подготвува офанзива за најдобриот стрелец на Интер

Челси подготвува офанзива за најдобриот стрелец на Интер

Лондон, 2 октомври 2024 (МИА) - Челси не успеа да привлече напаѓач од светска класа ова лето и тоа ќе биде приоритет на „сините“ во јануарскиот преоден рок.

Најголема желба на тимот од Лондон ќе биде голгетерот на Интер, Лаутаро Мартинез, за ​​кого нема да штедат пари да го доведат на „Стемфорд Бриџ“.

Минатата сезона, аргентинскиот интернационалец постигна 24 гола на 33 натпревари во Серија „А“ и имаше голем придонес за титулата на „нероазурите“.

Неговата цена е над 100 милиони евра, а „сините“ се подготвени во зделката да вклучат и дел од своите играчи. Се претпоставува дека тоа ќе биде некој од Михаило Мудрик, Карни Чуквуемека и Беноа Бадијашиле.

Причината е што Интер беше заинтересиран за нивните услуги ова лето. дс

Фото: Архива

Остани поврзан