• недела, 21 јули 2024

Челси му плаќа 200.000 фунти неделно на Греам Потер иако го отпушти пред една година

Челси му плаќа 200.000 фунти неделно на Греам Потер иако го отпушти пред една година

Лондон, 19 јули 2024 (МИА) - Неверојатни информации пристигнаа од Англија, каде „Дејли Мејл“ објави детали за раскинувањето на соработката помеѓу Челси и Греам Потер.

Англискиот менаџер беше отпуштен во април 2023 година, седум месеци откако ја презеде функцијата селектор на лондонските сини. Челси бил обврзан да му ја исплати платата на Потер за следната година и пол доколку не најде нова работа.

Така, секоја недела на неговата сметка влегуваат по 200.000 фунти.

Потер сега е кандидат за нов селектор на Англија, откако Герет Саутгејт поднесе оставка по Европското првенство. дс

Фото: Архива

Остани поврзан